Еднократен скок

Овде, ќе научите како да играте кога белите и црните камења не се напаѓаат директно меѓусебе.

Ова е моментот за одигрување на потези кои ќе ја засилат вашата позиција, подготвувајќи се за идната војна или правење поголема територија.


Овој потег (D5) се вика Еднократен скок (или Ikken tobi).

Каменот на D5 е речиси поврзан со D3. Значи, ваков потег може да се користи во многу случаи, за напаѓање, за одбрана или за бегање.

Уште една Го изрека: Ниту еден еднократен скок не е лош потег.

Ако немате идеја каде да играте, направете еднократен скок.



Ако белиот игра потег кој е блиску до вашата територија, многу препорачливо е да направите еднократен скок.

Овој потег го штити каменот на C3 додека истовремено освојува територија кон лево.


Ако го игнорирате пристапот на белиот кај E3 и играте некој неважен потег како G7, вашиот камен на C3 може да биде нападнат од двете страни.

Следна

Содржина

Почетна