Проблеми за 44 Кју

Направете две очи


Сега, црниот е целосно заобиколен. Кој потег мора да го одигра?

Иако црниот има три слободни точки на средина, тие формираат само едно око.
Значи, мора да направите две очи со разделување на овој простор на два помали.

Ако не го направите тоа, белиот ќе игра на тоа место.

Го изрека -Твојата витална точка е исто витална точка на противникот.


Во наредната ситуација, каде треба да се направи поделбата?

Како што забележувате, ако вашата територија е многу мала, ќе живеете тежок живот.

Секогаш трудете се да заградите доволно голема територија и да не ве заобиколат.


Што во наредниот случај?

Во овој случај, не мора да се направи поделба.

Ако белиот одигра на a, ќе одговорите со играње на b.
Ако белиот игра b, ќе одговорите со a.

Значи, секогаш може да се направат две очи и покрај тоа што белиот се труди да нападне.

Но, ако го игнорирате нападнот на белиот, тој ќе игра и на a и на b.
Во тој случај, оваа група ќе има само едно око и на крај ќе биде мртва.


Следна

Содржина

Почетна