Проблеми за 45 Кју

Скала

Овде ќе ја научите техниката наречена скала (понекогаш исто така позната по нејзиното Јапонско име Shicho.)
Наскоро ќе дознаете зошто се вика токму така.


Фатете го белиот камен.
Продолжете да правите атари додека белиот се обидува да побегне.

Дали успеавте?

Оваа форма се нарекува скала бидејќи брканицата создава форма што изгледа на скала.
Белиот со бегањето само ја зголемува штетата.


Повторно скала.
За ваша несреќа, сега е ваш ред да бегате.

Но во овој случај, за разлика од претходниот, може да се побегне.
Среќно!

Дали може да побегнете од непрестаниот напад на белиот играч?

Како што може да се забележи, ако постои помош на патот (во вид на пријателски камења), може да се побегне од нападот ако се поврзите со пријателскиот камен, пред да ве фати напаѓачот.

Што се случува со напаѓачот потоа?
Тој ќе живее беден живот .

Бидете внимателни секогаш кога пробувате да побегнете или кога бркате некого со скала.

Го изрека - Не играј Го ако не ја разбираш скалата.


Следна

Содржина

Почетна