Завршна игра

Овде ќе научите како да препознаете кога партијата е завршена и како да изброите колку територија имате користејќи табла 5х5.
Секој од двата играчи одиграл 5 потези, а партијата се смета за завршена.

Црниот има 5 поени на левата страна, а белиот 10 поени на десната страна.

Значи белиот победил со 5 поени повеќе.

Се бројат сите празни места кај што се сечат вертикалните и хоризонталните линии.

Ќошовите и рабовите исто така се вклучени во броењето.
Запомнете дека камењата на таблата не се бројат како територија.


Играта се смета за завршена кога двете страни ќе го препуштат редот на другиот играч „pass“, бидејќи сметаат дека нема што да играат повеќе.

Зошто горниот дијаграм се смета за завршен?

Земајќи ја во предвид ситуацијата горе, замислете дека црниот игра на бела територија.

Белиот многу лесно може да се справи со натрапникот. Видете го дијаграмот лево.

Па подобро е црниот да не игра такви потези.



А што се случува кога ќе одиграте потег во својата територија?

Со тој потег, ја намалувате големината на вашата територија за 1 поен. Никој не го сака тоа!

Затоа, најгорниот дијаграм се смета за крај на партијата.

(Иако некогаш мора да се игра во своја територија за да се направат две очи или да се зацврсти некој ѕид?)



Ова исто така е крај.
Црниот има 5 поени, а белиот има 6 поени - белиот победува со 1 поен повеќе.

Што со двата поени во средина? Тие се викаат "Dame" - неутрални полиња - не припаѓаат никому.

Овде може да се игра, но нема да се добијат, ниту изгубат поени.



Кога завршува играта?

- Кога ни една страна не сака веќе да игра и одбираат „pass“ последователно.
Тогаш територијата на двата играчи се брои и играчот со поголема територија победува.
Вашите конечни поени се вашата територија, плус заробениците што ги заробувавте за време на партијата.

- Кога било кој играч мисли дека нема да може да победи, без разлика како ќе одигра понатаму, ја предава партијата.

Спротивно од други игри, ова се смета за доблест. За разлика од упорното играње кога сигурниот пораз е неизбежен.


Следна

Содржина

Почетна