Одбрана

Сега знаете дека дијагонално поврзаните камења можат лесно да се пресечат.

Но пред да бидат пресечени, може да се одбраните.

Овде, ако белиот играч сече на F6, двата црни камења ќе бидат лошо разделени.

Па, црниот мора да игра потег кој ќе го спречи ваквото сечење.
Ова е потег за поврзување.


Со F6, црниот цврсто ги поврзува камењата.
Ова е директно поврзување. Не постои веќе можност да се разделат овие камења.


Тоа што го гледате долу е индиректно поврзување

Белиот може да игра на F6, но, набрзо ќе биде заробен со F5.
Уверете се со играње на таблата.

Значи тие во суштина се поврзани.

Овој вид на индиректно поврзување изгледа поелегантно од директното поврзување.
Ако го знаете точното место каде да направите индиректно поврзување, тогаш не сте веќе почетници.


Во дијаграмот горе, црниот има две точки каде може да се сече E5 и F4.
Може да се сече на било која точка ...

Постои добар потег кој ќе ги заштити двете слаби точки одеднаш!

Одиграјте на F5.

Сега белиот неможе да игра ниту E5 ниту F4.
Тоа е затоа што F5 индиректно ги поврзува двете слаби точки.

Поради изгледот, ова поврзување се вика труба.


Следна

Содржина

Почетна