Што да правам на почеток?

Веќе знаете како да заробувате камења.
Но, на почетокот на вистинска партија, треба да играте на празна табла.

Прво, разгледајте ја убаво големата табла (19х19) и видете како е поделена
на неколку различни подрачја и како се вика секој од нив...

Како што е прикажано горе, четирите подрачја кои се блиску до ќошовите се викаат ќошови (анг. "corners"), подрачјата меѓу два ќоша се страни (анг. "sides") и централното подрачје е средина (анг. "middle").
Не постои јасна граница помеѓу две подрачја и овие називи се користат само за појаснување.

Каде ќе го одиграме првиот потег?


Целта во Го е да се освои колку што е можно повеќе територија. На почеток треба да се трудиме да заобиколиме територии (празен простор).

На дијаграмот десно, има две црни групи: една во горниот лев ќош и една на десната страна.
Секоја заобиколува 9 места, или носи 9 поени.

Белата група на средина исто така носи 9 поени. Просторот кој комплетно е заобиколен со камења од иста боја се вика територија.

Секоја од трите групи горе носат 9 поени. Избројте колку камења се потребни да се заобиколи истата територија на трите различни места.

  • Ќош - 6 камења
  • Страна - 9 камења
  • Средина - 12 камења
Значи, најефективно е да се заградуваат територии во ќошовите, додека заградување територии во средина е најмалку ефективно.

Поради тоа, на почеток двата играчи ќе сакаат да ги освојат ќошовите. Многу ретко ќе сретнете некој што почнува да игра на средина.


Ова е вистинска партија одиграна од два професионални играчи.
Разгледајте ја пред да продолжете на следна страна.
Прикажани се само првите 20 потези.

Забележувате дека првите 4 потези се одиграни околу 4 ќошови, па партијата понатаму продолжува на страните.
Партијата започнува многу мирно без ниту еден судир помеѓу камењата.

После првите 20 потези, како ви изгледа, кој играч има повеќе моќ на таблата?

Затемнетата површина претставува каде црниот има поголемо влијаније, а посветлата површина каде белиот.
Сите ќошови и страни горе-долу припаѓаат или на црниот или на белиот.
Но, сеуште не е одредено дефинитивно - можни се "инвазии" во секое време.

Ако ги освоите ќошовите и страните само затоа што се лесни за освојување, ќе се отежне вашето напредување кон средината.
А ако воопшто немате камења на средината, ќе бидете во непогодна ситуација кога ќе започнат борбите, бидејќи камењата поставени на средина имаат големо влијание кон сите правци - што е навистина корисно.

Овие стратегии за отворање се викаат "Фусеки" (јап. Fuseki).


Следна

Содржина

Почетна