Какари и Шимари(јап. Kakari and Shimari) - корисно е да се игра во ќош

Ќе научите да играте на почетокот - особено, преговарање околу ќошовите.

Ќе ги видите првите потези на една вистинска партија на 13x13 табла лево. Кликнете на Next(Следно) копчето повеќе пати. Може да вратите потег назад со Back(Назад) копчето.

Прво, секој играч игра на позиција близу до двата ќоша.

Првиот потег на црниот се вика точка 3-3 ( или сан-сан(јап. san-san)) бидејќи е лоцирана на третата линија од вертикалните и хоризонталните линии броејќи од најблискиот ќош. Овој потег гарантира позиција со која ќе го освоите ќошот.

Следниот потег, белиот исто така игра на точка 3-3.

Следниот потег на црниот се вика точка 4-4 ( или хоши(јап. hoshi)) каде што се наоѓа црната точка. Оваа точка може да овозможи да обиколите поголема територија на ќошот отколку точката 3-3. Но, на оваа територија полесно е да се изврши инвазија бидејќи има повеќе простор помеѓу точката и работ на таблата.

Четвртиот потег на белиот е исто популарен.

Секако, може да играте на било која позиција на таблата ако не е забранет потег. Вообичаено, играта продолжува од ќошовите кон страните и понатаму накај средината на таблата.

Иако ќошовите се најдобро место за освојување територија, никој не би играл на позиција M2 или N1 бидејќи тоа би бил многу мал потег.


Продолжувајќи од горе...

Со петтиот потег, црниот го зајакнува својот долен лев ќош играјќи на F3. Овој вид на зајакнувачки потези се нарекуваат Шимари (оградување)

Со следниот потег, белиот ќе го зајакне својот долен десен ќош со друг вид шимари.

Следно, црниот поставува камен блиску до белиот камен.(J10) Овој потег вели дека ако белиот го игнорира, црниот ќе направи инвазија во ќошот со играње на друго место како L11. Овој вид на пристап се нарекува Какари(напаѓање, или нишанење).

Кога белиот ќе се "прилепи" за црниот камен со играње на J11 за да го возврати ударот. После тоа, двете страни ќе се зајакнат.(K11,G10)

Белиот помислил дека левата страна на таблата има големи изгледи да биде црна територија. Па извршил инвазија на левата страна за да го спречи тоа! Овие потези се викаат Учикоми(јап. Uchikomi) (разбивање, задавање удар или инвазија) - Овие јапонски зборови сега не се важни за да се запомнат.

Ова е еден пример како одат првите потези во една партија.

Запомнете Го е игра на споделување - не можете да добиете сè.
Треба да освојувате, треба да жртвувате, треба да се извинувате ако сте многу алчни.
Ако играте премногу агресивно, ќе изгубите сè, буквално!


Следна

Содржина

Почетна