Ko (вечност)

Сега, ќе ви објаснам додатно правило наречено Ko - што значи „вечност“ на Јапонски.

Ова е последното правило што треба да се запомни.
Ако ја прочитате оваа страна, ќе ги знаете сите правила на Го.

Концептот на Ко е малку потежок од правилата што претходно ги објаснив.
Среќно!


* Белиот овде нема да ви одговори.

Еден бел камен е во атари. Заробете го!

Го заробивте ли? Тогаш гледајте ја таблата внимателно.

Се забележува црн камен кој штотоку го ставивте во Атари!
Изгледа како белиот да може да го зароби...

Што ќе се случи ако белиот го направи тоа?
Ќе се повтори истата позиција на таблата, како што беше пред два потези.
Значи, двајцата црниот и белиот ќе продолжат да се заробуваат на тоа место бескрајно!

Поради тоа, потези кои предизвикуваат повторување на иста позиција
на таблата се забранети
.
Овој концепт се вика Ko(вечност).

На таблата претходно, можете да играте и како бел играч. Па, пробајте да го заробите црниот камен во средина.
Тогаш ќе ја забележите пораката - Забранет потег(Ko).

Може ли белиот некогаш да го зароби црниот камен?

Може. Но прво мора да игра било каде на друго место.
Со тоа ќе создаде друга позиција на таблата. Значи, Ко каменот
може да се зароби откако ќе играте некаде на друго место.

Одиграјте потег за белиот играч на горната табла, на било кое друго поле.
И направете исто за потегот на црниот играч.

Сега, кога повторно е белиот на потег. Тој може да го зароби црниот камен.
Уверете се!

Потоа е на потег црниот. Како и да е, тој не може веднаш да го зароби белиот камен.
Уверете се! Ќе ја видите пораката - Забранет потег(Ko).
Може да го зароби штом ќе одигра на друго место, како што направи белиот играч.

На горната табла, може да се игра и со белиот и со црниот.
Пробувајте додека не го разберете концептот на Ко.
Можете да враќате потези со кликање на „undo“ копчето.


Како изгледа Ко во текот на една партија?

Погледенете лево. Петте црни камења на горната страна само што не умреле.
Прво, заробете го белиот камен со играње на E8.
Вака, започнавте Ко борба!

Петте бели камења сега се во опасност и белиот не може да го зароби црниот камен со играње на D8 бидејќи е забрането со Ко правилото.

Значи, тој треба да игра некаде каде црниот не може да го игнорира како E2.
Бидејќи осум црни камења ќе бидат убиени ако го игнорира тој потег, црниот неволно игра на E1.

Сега, белиот може да го зароби Ко каменот со D8
Потоа, црниот ќе игра некаде каде белиот не може да игнорира како B4. Ако белиот одговори со A4, црниот може да го зароби Ко каменот повторно со играње на E8

Тоа се нарекува Ко борба.

Оваа Ко борба завршува кога едната страна ќе ја игнорира противничката закана и ќе ги убие горните 5 камења.
За играч кој губи, загуба од 5 камења е доста голема.
Наместо тоа, тој може да одигра 2 потези на друго место и многу да добие таму.

Важно: за да победите Ко борба, најдете закана - место каде што може да добиете многу со 2 последователни потези. Ако ирачот не го дозволи тоа, ќе продолжи Ко борбата. Ако ја игнорира вашата закана, ќе одиграте 2 последователни потези, а противникот ќе ја победи Ко борбата.


Ко е потежок аспект бидејќи Ко борбата вклучува многу стратешки потези на целата табла.
Почетниците, доволно е да знаат дека потези кој создаваат иста позиција на таблата се забранети.

Ko animation Оваа анимација ја обезбеди Daniel Dheaud.

Ко правилото не дозволува да се случи оваа ситуација.

Ко не е само правило кое ограничува, тоа исто така е правило што Го ја прави повозбудлива игра.


Следна

Содржина

Почетна