Коми

Во нормална партија, црниот секогаш игра прв.
Значи, црниот има мала предност.

За да се компензира ова, белиот добива бонус поени, наречени Коми, кои се додаваат на територијата на крајот од партијата.

Овој бонус обично изнесува 6.5 поени. Тоа значи дека вредноста на првиот потег се смета дека е околу 6.5 поени.
Додатниот половина поен е воведен за да се спречи нерешен резултат.

На пример, ако црниот има 7 поени во територии повеќе од белиот, црниот победува со 0.5 разлика.
Ако црниот има 6 поени повеќе од белиот, белиот победува за 0.5 поени.

Во старите денови на Го, не постоел Коми систем. Коми системот е воведен кога се повеќе играчи станале свесни за предноста на црниот.

Вредноста на Коми се менувала со текот на времето. Кога прв пат бил воведен кај Јапонските професионалци бил 4.5 поени.
Но, црниот сеуште имал поголема шанса за победа, па Коми било зголемено на 5.5 поени во 1974. Во 2002 Јапонската Го Асоцијација повторно го зголемила Коми на 6.5.

Со Коми системот, скоро ниедна партија Го не е нерешена и играта е по возбудлива и фер.


Хендикеп

Кога јачината на играчите е различна, послабиот поставува одреден број на камења на таблата пред да започне партијата со хендикеп.

Во партија со хендикеп, послабиот играч секогаш игра со црни камења, а појакиот со бели.

Црниот ги поставува хендикеп камењата на одредените позиции, потоа белиот играч игра прв потег.

Бројот на хендикеп камењата зависи од разликата во јачината помеѓу двата играчи.

Ако послабиот играч е со јачина 5 Кју, а појакиот 2 Кју, ќе се постават 3 хендикеп камења.

Со хендикеп камењата, црниот добива предност во секој аспект на играта - напаѓање, одбрана, освојување територија, итн.

Се вели дека еден хендикеп камен е еквивалентен на 10 поени од територија.

Значи, ако со мене играте изедначена партија и изгубите со разлика 50 поени, соодветно 5 хендикеп камења се доволни за двајцата да имаме еднаква шанса за победа.

Хендикеп камењата се поставуваат како што е прикажано долу.


9 Хендикеп


6 Хендикеп


5 Хендикеп


4 Хендикеп


Хендикеп камењата секогаш се поставуваат на 4-4 позиции (ѕвезди) кои се обележани со црни точки. Може да се игра и со повеќе од 9 хендикеп со поставување на додатните камењата каде било на таблата.

Со хендикеп, секој може да ужива играјќи Го со иста шанса за победа, без разлика колкава е разликата во јачина на играчите, без да се променат правилата.


Следна

Содржина

Почетна