Целта на Го

Главната цел на Го е да се освои поголема „територија“ од таа на вашиот противник.
На почеток, можеби ќе бидете во дилема каде да ги поставите вашите камења,
бидејќи може да се постават на било кој пресек на таблата.

Еден начин на освојување територија е со „заробување“ на противничките камења.

Камењата кои се заобиколени се отстрануваат од таблата и противникот ги чува како затвореници.
Секој затвореник вреди еден поен.

Како се заробуваат камења?


Со еден потег, белиот камен ќе биде комплетно заобиколен и отстранет.

Камењата што може да се отстранат со уште еден потег се вели дека се во "Атари"(јап. Atari).



Белиот камен сега е заобиколен. Значи...


... се отстранува од таблата.


Ако е на потег белиот играч, тој може да „побегне“ со поврзување на уште еден камен.



Следна

Содржина

Почетна