Текот на играта

На таблата подолу, можете да следите вистинска партија започнувајќи од првиот потег до самиот крај.

Со кликање на копчето Next, може да одите на следниот потег со објаснение.

Продолжете да кликате понатаму, додека може.

Ова е пример на игра на табла 9х9.

На крајот, црниот добива 28 поени, а белиот 24 поени.
Но, како што забележувате затворениците се бројат: еден камен беше заробен со што белата територија се намали за 1 поен.

Значи, црниот победи со 5 поени повеќе.

Во оваа партија, црниот ја контролира левата страна, а белиот десната од самиот почеток, па играта заврши многу мирно.
Го е игра на споделување.


Следната партија е повозбудлива!

Не грижете се ако не разбирате што се случува.

Во првата партија, двете страни се обидуваа само да ги обиколат празните полиња со делење на територијата меѓу себе.

Во оваа партија, започнувајќи од четвртиот потег на белиот - сечењето - двајцата се обидуваат да ги заробат камењата на противникот.
Конечно, црниот го окупира горниот десен и долниот лев ќош, а белиот долниот десен и горниот лев ќош.

Белиот има 18 поени, а црниот 14 поени.

Дополнително, црниот заробил 2 бели, додека белиот заробил 7 црни камења.

Обрнете внимание дека 2 црни камења горе лево беа мртви затоа што немаше каде да побегнат.
Белиот не мора да ги заробува тие два камења со играње на C9.
Како и да е, кога играта ќе заврши белиот може да ги отстрани тие камења и да ги додаде во своите затвореници.

Резултатот е:

Значи белиот победил со 9 поени повеќе.

Може да разгледате уште една коментирана партија на Tel's Go Notes.


Следна

Содржина

Почетна