Шлаканица

Овде, ќе научиме некои практични техники кои ќе ви требаат кога ќе започнете навистина да играте.


Вие сте црн, како секогаш.

Белиот поставува камен блиску до вас - овој потег се нарекува "прилепување" или "контакт".
Како треба да одговорите на контакт?


Во овој случај, потегот на црниот долу е добар.
Овој потег ги намалува слободите на белиот камен од 3 на 2.
Исто како црниот да му удрира шлаканица на белиот.
Нападнете го напаѓачот!


Продолжувајќи од горе, ако белиот играч игра на друго место како E7, црниот може да продолжи да го напаѓа белиот камен. Сега каменот на E4 е во Atari - уште еден потег, и ќе биде заробен.


Продолжувајќи од првиот дијаграм, ако црниот не одговори на белиот контакт и игра на друго место како F7, како би играл белиот?

Белиот ќе продолжи да го напаѓа црниот, удирајќи му шлаканица.
Забележувате ли дека црниот на E3 е во неволја?


Конечно, време е за вежбање.
Белиот штотуку се прилепи за вашиот камен.
Постојат два точни одговори. Пронајдете ги двата!

Нели е прелесно?


Следна

Содржина

Почетна